
Топ Тема на Ваша Страна: Интервју со спикерот Талат Џафери ( 08.10.2018)
Реалност или политички маневар? Обезбедила ли Владата двотретинско мнозинство за Парламентот или го прави првиот тест преку грбот на пратениците ? Дилемата е и во постапката: каде ќе стасаат амандманите – ќе отидат ли директно на Пленарна седница или во Уставната комисијата? Кога е крајниот рок Спикерот да го распушти Парламентот доколу не се обезбедат потребните 80 гласови ЗА, ако комисиската расправа трае десет дена согласно Деловникот ? Уште истиот ден би се распишале избори. На овие и други прашања вечерва во Топ Тема на Ваша Страна одговара Преседателот на Собранието Талат Џафери.