
Топ Тема на Ваша страна: Гласање на доверба во Грција и интервју со евроамбасадорот Жбогар (16.01.2019
Евроамбасадорот Жбогар во интервју за Топ тема –Договорот од Преспа е лекција за Европа – постои решение за секој проблем ако имате вистинско лидерство.
Тој се надева дека Антикорупциската комисија ќе донесе свеж воздух во борбата против корупцијата а Специјалното обвинителство и Јавното обвинителство треба повеќе да се фокусираат на борбата против корупцијата кај политичарите без оглед од која партија доаѓаат, од власта или од опозицијата.
Грција во исчекување – ќе ја добие ли владата на Ципрас подршката во парламентот, а со тоа и ратификацијата на договорот од Преспа? Во студиото на Телма ја следиме дебатата во грчкиот Парламент со поранешните амбасадори Љупчо Арсовски и Огнен Малевски.