
Топ тема на ваша страна: Празен вториот пензиски фонд (28.01.2019)
Ќе има ли одговорност за скандалот со пензиите? Кој со години крател од сметките на идните пензионери? До кога ќе се полни дупката во ПИОМ за исплата на пензии? Пензиски реформи или партиски игри со пензионерите како моќна гласачка машинерија? За овие дилеми вечерва дебатираме во Топ тема на ваша страна со Ирена Ристевска од Труд и социјала, Дарко Задов од МАПАС, Павле Гацов, економски експерт и Драги Јовановски од Сојуз на мултиетнички синдикати на Македонија.