
Топ Тема на Ваша страна: Анкета – Референдум да или не доколку се постигне договор со Грцијa? (04.05.2018)
Референдум да или не доколку се постигне договор со Грција – 71, 4 отсто граѓани се за референдумско изјаснување. Но, какви се нивните ставови ако прашањето за промена на името се поврзе со членство во ЕУ? Како гледаат на ексклузивноста на името Македонија или евентуалното отстранување на споменикот Воин на коњ – вечерва во Топ тема на Ваша страна резултати од последната Анкета на МЦМС и Институтот за демократија. Резултатите ги анализираат Сашо Клековски и Алберт Муслиу.