
Топ Тема на Ваша Страна: Анкета – Колку граѓаните учествуваат во носењето на одлуки (09.03.2018)
Граѓаните се гневни заради високите патни трошоци и платите на пратениците. Ова го покажува новата анкета на Телма и МЦМС која испитува и колку граѓаните учествуваат во носењето одлуки. Референдуми против рудници, протести за името, собири против аерозагадување. Дали граѓаните стануваат поактивни или се апатични и разочарани дека можат нешто да променат? Одговорите од анкетата ги анализираат Јордан Шишовски, Никола Писарев и Гонце Јаковлевска.