
Топ Тема 4.11.2019: Бектеши: Јавна тајна е дека „црвената нафта“ се злоупотребува
Македонија се гуши. Но зошто се уште не е забрането екстра лесното гориво за домаќинството кое има 100 пати повеќе сулфати кои се опасни по здравјето? Што измерила мобилната лабараторија со која се пофали министерот Бектеши и казнила ли некого пазарната инпекција или полицијата? Во Македонија има над 400 илјади возила а владата ќе дели субвенции за плин за само 900 , зошто популизмот е побитен од сериозна грижа во борбата против загадувањето ? Зошто се уште траат протестите во Лабуништа-министерот вети но не ги укина каменоломите во овој крај. Вечерва во Топ Тема интервју со Крешник Бектеши Министер за економија.