
Топ Тема 18.06.2019
Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври на прашањето за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова е исходот од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, попладнево во Луксембург.
Тие го поздравуваат Преспанскиот договор и договорот со Бугарија но го одложија прашањето за датум за почеток на преговори заради кусиот тајминг . Остануваме во пакет со Албанија за која е речиси идентична формулацијата за одлагањето на ова прашање. Ова е веста од Луксембург за која вечерва во Топ Тема дебатираше Снежана Лупевска Созен со Симонида Кацарска од Институтот за европска политика, државниот советник за европски политики и координација, Драган Тилев и Александар Николовски потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.