
Топ Тема 18.03.2020
Бескаматни кредити и субвенции за придонеси од плата за најпогодените сектори се економските мерки на Владата за справување со кризата.
Дали ќе бидат доволна помош за стопанството?
Цените на храната замрзнати, прехранбени продукти има доволно – нема простор за паника смируваат трговците.
Во Топ тема со Наташа Стојановска за овие дилеми дебатираа министерот за економија, Крешник Бектеши, Стојко Пауновски од пазарната инспекција, Џемаил Даути од Стопанска комора на северозападна Македонија и Благица Петрески од Фајнанс Тинк.