
Топ Тема – 17.09.2019
Каква е независноста на обвинителите додека политичките елити се пазарат за нив? Зошто ВМРО-ДПМНЕ инсистира опозицијата да назначува обвинител за организиран криминал?
Кои се мотивите анкетна комисија да ја испитува законитоста на работењето на СЈО?
Колку судбината на предметите на СЈО е поврзана со распоредувањето на обвинителите кои досега ги водеа? Во Топ тема за овие прашања и дилеми, со Снежана Лупевска Созен, дебатираа пратеничката Снежана Калеска Ванчева и адвокатот Тони Менкиноски, лидер на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за законот за ЈО.