
Топ Тема 17.06.2020
Повисоки плати и пензии, раст на инвестициите, намалување на невработеноста се клучните ветувања на политичките партии во изборните програми. Иако истите ги испишаа пред кризата со Ковид 19 – ниту сега не отстапуваат од она што претходно го најавуваа и покрај променетите економски услови. Дали ветувањата се остварливи?
Гостин во Топ тема со Наташа Стојановска вечерва беше Павле Гацов – претседател на Здружение на даночни советници.
Во емисијата учествуваа и Фатмир Битиќи – претседател на комисијата за финансии во СДСМ и Дарко Лазаров– претседател на комисија за економија во ВМРО –ДПМНЕ.