Тимошенско нема да поднесе приговори по изборите- судовите се под контрола на Порошенко

Претседателскиот кандидат и лидер на опозициската украинска партија Татковина, Јулија Тимошенко, нема да ги оспори изборните резултати бидејќи судовите се под контрола на актуелниот претседател Петро Порошенко го „намести“ првиот круг во своја корист.

Таа изборите ги нарече лажни но, најави дека нејзината партија започнува со подготовки за парламентарните избори на есен.

  • Повторно изборите не беа веродостојни и можам со сигурност да кажам дека претседателот Петро Порошенко ги намести изборите на овие избори. Нашата битка не е завршена. Ќе ги обедимине нашите напори. Подготвуваме чекори и акции и секако дека на парламентарните избори можеме да постигнеме нашата цел, рече Тимошенко.

Тимошенко, според изборните резултати беше треторангирана, а Порошенко со два проценти пред неа беше на второто место. Со 99 проценти од преброените гласови комичарот Володимир Зеленски победи во претседателската трка, иако Тимошенско водеше на анкетите само неколку месеци пред изборите. Украинските медиуми денеска со фрапантни податоци за годишниот приход на Петро Порошенко, кој бележи стократен пораст. Додека просечната заработувачка во Украина е 320 долари месечно, Порошенко во 2017 година, остварил добивка од 600.000 долари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ