
Тилерсон во посета на Блискиот Исток
Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, пристигна во Египет со што ја започна дипломатската турнеја во текот на која ќе посети пет држави во период кога владеат зголемени тензии на Блискиот Исток. Главна цел е да се дискутираат низа безбедносни прашања вклучително и борбата со тероризмот.
Во Јордан тој ќе се сретне со кралот Абдула Втори и министерот за надворешни работи Ајман Садафи, а во Анкара, Тилерсон ќе разговара за прашања од билатералните односи. Во Бејрут, Тилерсон ќе разговара со претседателот Мишел Аун, премиерот Саад Харири и шефот на Парламентот, Набих Бери.
Потврдена е средба со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и министерот за надворешни работи Самех Шукри.
Во Кувајт, Тилерсон ќе учествува на две меѓународни конференции.