Тилерсон пристигна во куса посета на Бејрут

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска пристигна во куса посета на Бејрут, што е прва посета на Либан од страна на толку висок американски функционер за четири години.

Тилерсон треба да се сретне со либанскиот претседател Мишел Аун и да има заедничка прес-конференција со премиерот Саад Харири.

Посетата, која е дел од турнејата по Блискиот Исток, се реализира во услови на затегнатост меѓу Либан и Израел, со акцент на улогата на вооруженото шиитско движење Хезболах, кое е силен играч во либанската Влада и сојузник на Иран, а „Вашингтон Пост“ го окарактеризира како „терористичка група“.

Шефот на американската дипломатија синоќа во Аман изјави дека „треба да се признае реалноста“ и оти „таа силна партија е дел од политичкиот процес во Либан“.

– Ние знаеме дека либанската Хезболах е под влијание на Иран – влијание кое според нас е штетно за  иднината на Либан на долг рок, рече тој.

Американското правосудство наскоро ќе формира специјален тим кој ќе ги разгледува финансиските донатори на Хезболах и односите на движењето со мржите кои се занимаваат со тероризам и трговија со дрога, обвиненија кои шиитската организација ги отфрла.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ