Тетра Пак милјардерот Ханс Раусинг почина на 93 години

Ханс Раусинг, шведскиот милијардер кој помогна да се издигне Тетра Пак во глобален гигант, почина на 93-годишна возраст.

Тој ја водеше фирмата за пакување на картони од 1950 година до 1995 година, а потоа го продаде својот удел во бизнисот на својот брат.

Богатството на семејството, Форбс го процени на 12 милијарди американски долари (9,8 милијарди фунти).

Сепак, семејството на Раусинг беше во центарот на вниманието на светската јавност по скандалот во 2012 година, кога на неговиот син му беше изречена условна казна затвор затоа што не ја пријавил смртта на својата сопруга.

Таткото на Ханс Раусинг Рубен го основал гигантот за пакување Тетра Пак, подоцна тетра Лавал, во 1944 година. Оригиналниот дизајн за иновативното пакување од картон беше тетраедрон.

Пронајдокот на се уште актуелните картони во облик на коцка и асептичната технологија за зачувување на содржината, и помогна на Тетра Пак да ги замени тешките стаклени шишиња што може да се расипат во поголем број на пазари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ