
Тешка железничка несреќа во Данска
Во железничка несреќа, што се случи на мост во Данска, 6 лица загинаа, а 16 се повредени, велат од Државната железница на Данска. Несреќата се случила кога патнички воз што сообраќал кон Копенхаген, удрил во товар што испаднал од товарен воз. Железничката несреќа се случи на мостот Сторебелт, кој ги поврзува островите Шеланд и Фин. Поради инцидентот мостот е затворен за сообраќај.