
Терористички напад во Стразбур: Двајца убиени, напаѓачот во бегство
Две лица се убиени, 11 повредени во пукотница во Стразбур. Напаѓачот, кој и бил познат на полицијата, се уште е во бегство, и по него се трага. Полицијата брзо возвратила кон напаѓачот, го ранила, но тој успеал да им побегне. Седум од повредените се во критична состојба. Нападот се случил околу 20 часот во центарот на градот, во близина на Божикниот пазар на плоштадот Клебер. Луѓето панично почнале да бегаат.
Властите го третираат нападот како терористички чин. Специјалното Обвинителство за антитероризам отвори истрага за инцидентот.
Европскиот парламент, чие седиште е во Стразбур, беше блокиран по извештаите за пукањето, по што на европарламентарците, вработените и новинарите не им е дозволено да ја напуштат зградата, која е на неколку километри од плоштадот.
Претседателот Емануел Макрон рече дека постојано е информиран „во реално време” за развојот на ситуацијата, а на местото на настанот го испрати министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер.
Центарот на Стразбур е целосно блокиран од полиција, а божикните штандови, како и блиските кафулиња се евакуирани.