Терористички напад на технички факултет на Крим

Најмалку 13 лица загинаа а десетици се повредени по експлозија во Техничкиот факултет во Керч, на Крим. Според првичните информации, ескплодирала рачно направена екслозивна направа и повеќето од жртвите се студенти на факултетот кој служи и како стручно училиште за тинејџери. Властите веќе изразија сомнежи дека станува збор за терористички напад.

Претседателот исто така даде инструкции на Федералната безбедносна служба и други истражни тела да ги преземат сите мерки за да ја утврдат причината за овој инцидент, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател.

Бомбата, која според првичните детали од истрагата била наполнета со метални предмети, експлодирала во мензата. Директорката на факултетот за руските медиуми изјавила дека сцената потсетува на нападот во Белсан од 2014-та година во кој загинаа 330 лица.

Сергеј Аксенов, претседателот на Крим, ги негираше наводите во локалните медиуми дека вооружени лица упаднале во факултетот и отвориле оган кон студентите.

Стравувајќи од други напади, властите ги евакуирале сите училишта и грандинки во Керч. Градот се наоѓа на источниот дел на полуостровот, кој по референдум во 2014 година беше анектиран од страна на Русија.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ