Тереза Меј премиерка до понеделник ?

За британската премиерка Тереза Меј веќе е дојден крајот. Ова го тврдат неколку нејзини блиски соработници, а го пренесуваат британските медиуми. Премиерката се соочува со силниот притисок да ја напушти функцијата, а големи се шансите од понеделник Меј да биде отстранета – веднаш по завршувањето на изборите во ЕП. Нејзните лојални сопартијци се разочарани од фактот што Меј повторно ќе го стави на гласање речиси истиот договор за Брегзит. На пратениците им ја откри новата понуда од 10 точки претставени во Договорот за повлекување од ЕУ, во обид да ги натера да го изгласаат.

  • Ако Парламентот го изгласа Договорот пред летниот одмор, В.Британија ќе ја напушти ЕУ до крајот на јули. Ќе бидеме надвор од политичките структури на ЕУ, британските закони повеќе нема да се спроведуваат според Европскиот суд, ќе биде крај на слободното движење, нема повеќе да плаќаме огромни суми на ЕУ буџетот. И според секоја дефиниција, тоа е остварување на Брегзит, порача Меј.

Денешниот план на Меј има неколку дополнувања за трговија, правата на работниците, насоки за алтернативите за ирската граница и за гласањето за втор референдум, за што Меј отворено се противи. Новиот договор беше пречекан со негодувања, обвинувања дека е копија на стариот, а потоа следеа и непријатни прашања.

  • Планот на премиерката за царинските тарифи е опишан од поранешниот британски претставник во ЕУ како дефиниција за лудило. Компромисот на нејзината царинска унија веќе е одбиен од ЕУ. Нели е овој нов Договор само фантазија?, праша лидерот на националната партија на Шкотска, Иан Блекфорд.

Опозициската Лабуристичка партија и претходно најави дека договорот нема да го гласаат. За нив, тој е само препакувана верзија на претходниот. Сопартијците не ја сослушаа до крај и ја напуштија салата, а сите се прашуваат зошто владата не се подготви за излез од унијата без Договор. Брзо потоа министерот за одбрана Саџид Џавид барал итна средба со Меј, исто како и министерот за надвореши, Џереми Хант. И двајцата се претенденти за лидерското место на Конзервативната партија.

И досега имаше сомнежи за водството на Тереза Меј. И самата таа најави дека следниот месец ќе поднесе оставка, но денешниот ден го промени расположението. Се повеќе конзервативци јавно бараат оставката да се случи колку што е можно побрзо.

Ова е четврти обид на Меј да го протне договорот за Брегзит. Земјата требаше да ја напушти ЕУ на 29-ти март, но за да се избегне Брегизт без договор, Брисел го продолжи крајниот рок до 31-ви октомври.

 

Алиса Шутиноска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ