Тереза Меј официјално се повлекува од лидерската позиција кај конзервативците

Тереза Меј денеска и официјално се повлекува од лидерската позиција на Конзервативната партија, но ќе остане Премиер се додека не избран нејзиниот наследник.

Меј ја објави својата оставка пред две недели, подвлекувајќи дека најмногу жали затоа што не успеала да го реализира својот план за Брегзит.

11 ториевци се во трката да ја заменат на лидерската позиција во Конзервативната партија и по автоматизам, на премиерската функција.

Кој ќе ја замени Меј на двете лидерски позиции ќе биде соопштено на 22-ри Јули.

Лош знак за рејтингот на Ториевците е и информацијата дека партијата завршила на трето место на изборите за испразнето место во Парламентот во општината Питерборо, каде победиле Лабуристите пред партијата за Брегзит.

Премиерскиот мандат на Меј помина во знак на Брегзитот, нејзината основна политичка цел. Прашањето како да се реализира напуштањето на ЕУ предизвика поделби во Конзервативната партија а таа никако не успеваше да обезбеди мнозинска поддршка за својот план во Парламентот.

Обеди. Кралство првично требаше да ја напушти ЕУ на 29-ти Март, но тој краен рок најпрвин беше одложен за 12-ти Април и сега на 31-ви Октомври.

На Кандидатите за наследник на Меј неопходна им е поддршка од најмалку 8 пратеници. Конзервативните пратеници потоа ќе гласаат за кандидатите кои ги поддржуваат и тоа повеќе пати, на 13-ти, 18-ти, 19-ти и 20-ти Јуни.

Двајцата кандидати со најмногу гласови потоа ќе одат на внатрепартиски избори на 22-ри Јуни а четири недели подоцна ќе биде прогласен наследникот на Меј.

Како новиот Премиер ќе го обезбеди Брегзитот и дали се подготвени да поддржат Брегзит без договор со ЕУ досега беа клучни прашања во внатрепартиските соочувања кај Ториевците.

Никола Илиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ