Тереза Меј најави оставка во замена за поддршка на Договорот за Брегзит

По целодневна дебата во парламентот и по жестоките обвинувања, свесна дека ја очекува нов удар од сопартијците, британската премиерка Тереза Меј најави дека ќе поднесе оставка, во замена да има поддршка за нејзниот Договорот кој го склучи со ЕУ за Брегзит. Меј својата одлука ја кажала вечерва пред Одборот 1922, одбор кој го сочинуваат паретниците од Конзервативната партија.

„Подготвена сум да ја напуштам оваа работа порано од планираното, за да се случи она што е неопходно за земјата и за партијата“, им кажала Меј на Ториевците. Знам дека сопартијците не сакаат јас да ја водам следната фаза од преговорите и нема да ви стојам на патот, уверувала Меј.

Изворите велат дека најголемиот противник на нејзниот договор со унијата, поранешниот министер за надворешни Борис Џонсон од состанокот излегол насмеан и задоволен, што медиумите го протолкуваа дека топката е свртена, и дека сега Џоносон веројатно и ќе гласа за да ја поддржи Меј.

  • Се надевам дека говорот кој го одржа во 1922 ќе помогне некои од колегите да се убедат дека треба да гласаат за Договорот. Во спротивно, алтернативите нема да им се допаднат. Мислам дека пораката е испратена, и дека ќе можеме да одиме напред, вели Амбер Руд, министре за труд и социјала.

По најавата на Меј, се огласи и опозицискиот лидер. Џереми Корбин на Твитер напиша дека ова е очигледна потврда дека хаотичните преговори за Брегзит на Меј биле само за тоа кој ќе ја менаџира партијата, а не за принципите и за доброто на граѓаните. Кога ќе ја поднесе оставката никој од присутните не сакал да ја притиска Меј. Никој не се осмелил да ја праша, бидејќи, како што велат во просторијата иамло огромна почит за целата нејзина работа, и ударите кои ги издржа. Но, од Даунинг Стрит 10 јавуваат дека ако Договорот на Меј не е поддржан, тогаш ќе играат поинаква игра.

Долниот дом на парламентот вечерва се изјаснува за можните алтернативи на гласањето кое не е обврзувачко. Со т.н. индикативно гласање треба да се види за кој предлог ќе има мнозинска поддршка.

 

Алиса Шутиноска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ