Тереза ​​Меј на средба со ЕУ лидерите во обид да го спаси Брегзит

Откако ненадејно го одложи гласање за договорот во британскиот Парламент закажано за денеска британската премиерка Тереза ​​Меј итно замина за Брисел каде ќе ги убедува европските лидери Велика Британија да излезе од унијата, но без договор. Но, ЕУ вели дека не е подготвена повторно да преговара, посебно не за ирската граница која за Британија е прашање на суверенитет.

Нема да преговараме повторно за Брегзит, ова е ставот на Жан Клод Јункер, кој утрово пред европартениците јасно и гласно кажа дека договорот кој е постигнат со Британија е единствениот можен договор.

  • Морам да кажам тука во парламентот како што реков и предх договорот кој го постигнавме е најдобриот можен договор (аплауз). Нема место за повторно преговарање за брегзит но секако има простор за идно допрезицирање на понатамошните интерпретации на договорот. Сите мора да знаат нека да преговараме повторно, Жан Клод Јункер, претседател на ЕП.

На оваа линија вчера беше и пораката од Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кој соопшти дека в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во Брисел ќе биде разгледан Брегзитот со цел да им се одговори на загриженоста на Британците за спогодбата за заминување од Унијата.

Озлогласениот „бекстоп“ е во сржта на проблемот кој го искомплицира британското напуштање. Според сегашниот предлог договор, Северна Ирска ќе остане во европската царинска унија за да се избегне граница меѓу двете Ирски, доколу Британија ја напушти унијата без претходно постигнат договор.

По вчерашното одложување на гласањето во британскиот парламент премиерката Тереза Мај се сврте повторно кон Европа и започно нов криг разговори со водачите на ЕУ со цел да го убеди Велика Британија да може да го напушти европското семејство без одобрување од британскиот парламент. Таа денеска се сретна со холандскиот премиер Марк Рот во Хаг, а денеска на агендата и е средбата со германската премиерка ангела Меркел.

Британската јавност веќе ја губи довербата во Меј, која стана премиер по одлуката на Велика Британија на референдумот во 2016 година за напуштање на ЕУ. И конзервативците и лабуристите најавија дека нема да го поддржат договорот што го постигна Меј со водачите на ЕУ во ноември.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ