
Тереза Меј го спасува Брегзитот
Со одложувањето на гласањето во парламентот Тереза Меј си купи дополнително време и отпатува на средби со европските лидери во обид да го спаси Брегзитот. На пат кон Брисел во Берлин се сретна со канцеларката Меркел, а предохно во Хаг добила поддршка од холандскиот премиер Марк Руте. Таа сака да обезбеди гаранции за ирската граница, која за Британија е прашање на суверенитет. Но, еврочелнци Јункер и Туск веќе одбија повторно да се отворат преговорите за Брегзит, сепак прашањето ќе биде разгледано на самитот в четврток.
- Нема место за повторно преговарање за Брегзит но секако има простор за идно допрезицирање на понатамошните интерпретации на договорот. Сите мора да знаат нека да преговараме повторно, дециден Жан Клод Јункер, претседател на ЕП.
Конзервативците и лабуристите се децидни дека нема да го поддржат договорот во парламентот и го отфрлаат напорот на Меј за излез од унијата без тој да помине во парламентот. Сите да се вратат на преговарачка маса, велат конзервативците.
- Остануваме на преговари. Во интерес на на Велика Британија и на наше пријателски европски соседи, ние во март нема да бидеме без договор. Тоа е законска опција и затоа сега сите страни мораат да се вратат на маса со целосна загриженост дека може да се постигне договор во британскиот парламент, рече Андреа Лидсом, Конзервативна партија.
И министерот за Брегзит пристигна во Брисел, прашан како не му е срам после се да се појави овде, одговори дека не му е и дека е тешко бидејќи Британија е прва земја која ја напушта унијата.
- Воопшто, тоа секогаш ќе биде тешко и сложено преговарање. Ниту една земја- членка не се обиде да ја напушти ЕУ предходно. Секоја страна има свои интереси коишто мора да ги штити и премиерката води тешки преговори во најдобар интерес на В. Британија, вели Мартин Каланан, министер за Брегзит.
Фунтата бележи благ пад на берзите, а пропорционално со тоа Меј ја губи довербата кај британската јавност, која стана премиер по одлуката на Велика Британија на референдумот во 2016 година за напуштање на ЕУ.
Билјана Ставрова
https://www.youtube.com/watch?v=w2lEfKd8cnQ