
Тензиите растат во Венецела, Гуаидо објавува – дел од армијата е со мене
Истрели, солзавец и чадни бомби во близина воената база во Каракас. Тензиите растат во Венецела откако самопрогласениот преоден претседател Хуан Гуаидо објави дека дел од војската му се прикониле и го ослободиле опозициониот лидер Леополд Лопез. Во видото објавено денеска на Твитер, во кое Гуаидо е опркружен со војници, тој објави дека ја започнал „завршната фаза“ го повика народот и армијата да и стават крај на „узурпацијата на Мадуро“.
- Веќе се многубројни војниците кои ни се придружија, нашето воено семејство го направи првиот чекор, сите кои слушаат ќе чујат следните неколку минути. Ова е моментот, моментот е сега, не само момент на смиреност и здрав разум , туку и на храброст и мудрост за да дојде мирот во Венецуела. Бог да ве благослови. Тргнуваме напред, ќе ја освоиме слободата и демократијата во Венецуела, рече Гуаидо.
Социјалистичката влада на претседателот Николас Мадуро соопшти дека мала група „воени одметници“ поддржани од десничарските противници се обидуваат да извршат воен удар. На твитер Мадуро го повикува народот „да остане во состојба на максимален аларм“ и порача: „Ние ќе победиме“.
Но од денеска со Гуаидо е и опозициониот лидер Леополд Лопез кој по четири години во притвор повика на обединување на армијата и жителите на Венцуела.
- За внатрешност на земјата би им кажал на Венецуелците дека треба да излезат на улица. Добивме информации дека војници од различни воени единици, и мажи и жени во униформи се свесни дека мора да дојде до промена на власта на Венецуела и сите нив ги повикуваме да се вклучат во овој процес на обединување на вооружените сили со жителите на Венецуела. Ви благодарам, рече Леополдо Лопез, лидер на опозицијата.
Војската досега го поддржуваше Николас Мадуро и одбиваше да го поддржи Гуаидо.
И вниманието на Брисел е насочено кон Каракас, оттаму бараат мирно решение.
- Имајќи в предвид дека информациите за развојот на случувањата се уште доаѓаат, навистина не би дала никаков коментар, но би ја повторила нашата позиција дека поддржуваме политичко и мирно решение на кризата во Венезуела, преку слободни и фер избори. Долгогодишен став на ЕУ со кој сте добро запознати. Во моментов ги следиме го следиме развојот на ситуацијата на терен и ако биде потребно било што конкретно да кажеме, ние сме тука, рече Маја Коцијанчиќ, портпарол на ЕУ.
Претседателот на собранието и лидер на опозицијата Хуан Гуаидо ја повика војската да му даде поддржка уште во јануари кога тој се прогласи за привремен претседател. Тој тврди дека Никола Мадуро е „узурпатор“ кој е избран на лажирани избори.
Прв поддршка за Гуаидо изрази американскиот сенатор Марко Рубио, кој на Твитер ја повика војската да му даде поддршка на претседателот на собранието.
Билјана Ставрова