
Телма помеѓу навивачите во Виена: Очекуваат победа помеѓу два и пет гола разлика
Македонските навивачи веќе се подготвени и за третата битка на репрезентацијата на Македонија, во групната фаза против домаќинот Австрија во „Винер Штадхале“. На Македонија и е потребна победа со најмалку два гола разлика за да обезбеди пласман понатаму, а навивачите во фан-зоните се оптимисти.
Нивните прогнози се движат од два гола разлика, па се до оние пооптимистичните кои очекуваат и со пет гола да ги добиеме противниците. Телма ви ги пренесува очекувањата на навивачите.