Тексас и Флорида повторно воведуваат рестриктивни мерки

Додека бројот на заболени во САД достигна 2,6 милиони, дел од државите ги вратија во сила рестриктивните мерки. Тексас и Флорида, кои во моментов се најпогодените, забележувајќи секој ден рекорден број новозаболени, наредија затварање на баровите и ограничување на работењето на рестораните, а во одредени делови беше воведен и полициски час. Новиот бран на вирусот е концентриран во јужните држави кои први започнаа со олабавување на мерките и особено кај нивната помлада популација.

Ако погледнеме од 1 јуни до сега, бројот на случаи од 25 до 34 е речиси три пати поголем за разлика од пред еден месец. Значи тоа е навистина голема група на луѓе, изјави гувернерот на Флорида Рон Десантис.

Работната група на Белата куќа за Ковид-19 упати предупредување до младите луѓе да бидат по одговорни. Директорот на Центарот за контрола на заразни болести Роберт Редфилд изјави дека новиот бран на вирусот е концентриран кај популацијата од 18 до 34 години во јужните и западните сојузни држави. Причината за зголемениот број на позитивни во дел е резултат на поголемиот број тестови но пред се и поради неодговорноста на граѓаните и прераното повлекување на рестриктивните мерки.

Но работата која навистина треба да ја разберете кога го правите тоа е дека вие сте дел од процес. Така ако се заразите, ќе заразите некој друг, кој очигледно ќе зарази некој друг. Знаеме што се случува затоа што репродукцискиот елемент на верусот не е помалку од еден. Така луѓето заразуваат други луѓе и на крајот ќе заразите некој што е ранлив, порача директор на Националниот инситут за алергии и заразни болести, Ентони Фаучи.

Според последните податоци бројот на заболени во САД изнесува нешто помалку од 2,6 милиони од кои до сега починаа 128.000. Но според проценките на Центарот за контрола на заразни болести вистинскиот број на заболени најверојатно е 10 пати повисок, што значи дека одолу 20 милиони Американци се заразиле со Ковид-19.

Игор Трајков

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ