ТАТКО
Филмот „Татко“ ја раскажува приказната на десетгодишниот Нори и неговиот татко Гзим кои за живот заработуваат продавајќи цигари во предвоено Косово. Гзим сакајќи да избега од минатото, планира да го напушти Косово без својот син, а момчето ќе стори сe за да го спречи својот татко во оваа намера. Се случува несреќа, која доведува до мачни ситуации и за двајцата…
Режија: Висар Морина; Улоги: Вал Малоку, Астрит Кабаши, Енвер Петровци, Адриана Матоши, Аурита Агуши, Арменд Исмаили, Албан Укај, Џевдет Јашари