Тактизира ли Џонсон со суспензијата на Парламентот?

Велика Британија е на нозе. По вчерашната одлука на премиерот да го суспендира паралемтнот, за која доби дозвола од кралицата, Лондончани и сите што се против Брегзит, излегоа на улиците извикувајќи „сопрете го државниот удар“. Протестите се раширија низ целата земја, а он-лајн петицијата собра повеќе од милион потписи, што значи дека парламентот ќе мора да ја разгледува. Но, тоа не се знае како ќе се изведе, со оглед на тоа што парламентот е затворен со работа.

Револтот не стивнува, посебно затоа што со пет неделното неработење на парламентот, опозицијата нема да има доволно време да го спречат Џонсон да ја спроведе идејата Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор. Но, владејачките ториевци го негираат ова, истакнувајќи дека потегот на Џонсон е законски.

  • Нормално имаме нова сесија на парламентот на секои 12 месеци. Оваа сесија е подолга од две години. Не се губат денови од парламентарната дебата, бидејќи се поклопува со паузата за конференцијата, така што тоа е рутина, што е многу досадно. Но, останатите „стрели“ почнаа да „плачат“ – уставна криза, но „плачат без потреба“, вели претседателот на Долниот дом на Парламентот, Џејкоб Рис мог.

И тоа е точно. Процесот на пророгација на парламентот е сосема нормален во британската демократија. Секоја сесија има време кога завршува, со цел да се отвори нова за владината агенда. Но, она што сега е контроверзно е ТАЈМИНГОТ кога затворањето се случува. Аналитичарите претпоставуваат дека Џонсон тактизира, со цел да го натера Брисел да го реотвори договорот.

  • Ова е тактичко размислување на владата за да се минимизираат шансите да биде блокирана, и да се зголеми притисокот врз ЕУ – има барем така си мисли британската влада. Ќе биде многу чудно ако ЕУ не сака да изнајде начин да продуцира договор и мислам дека тоа е во интерес на Борис Џонсон, бидејќи владата и не знае како би изгледал Брегзит без договор на улиците и дека ќе создаде пат за потенцијални избори, вели аналитичарот Тони Траверс, од @London School of Economics“

Изборите се и една од помалку посакуваните опции за опозицијата, бидејќи Џонсон тогаш ќе се претстави како заштитник на волјата на народот, сакајќи да го спроведе Брегзит, за кој гласаа 1 % повеќе од вкупното население.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ