
Тајландските момчиња проговорија за драмата во пештерата
По една недела помината во карантин, дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа спасени од поплавената пештера на северот на Тајланд денеска излегоа од болница. Насмеани и ведри пристигнаа на долгоочекуваната конференција за медиумите..Во присуство на доктори и тројца членови на тајландските Фоки, кои беа со нив до крајот, за првпат и се обратија на јавноста и раскажуваа за драмата која ја преживуваа цели 17 дена заробени во пештерата. Едно од првите прашања беше како се почувтсвувале кога сфатиле дека е дојдена помошта.
„Се случи навечер. Копавме низ камењата, и одеднаш слушнавме гласови. Тренерот Аек ни рече на сите да молчиме, дека слуша човечки гласови. Не бевме сигурни дека е вистина. И застанавме и слушавме. Бев шокиран“, рече едно од спасените момчиња.
Потврдија дека причината поради која влегле во пештерата е како што се претпоставуваше, роденден на еден од нив. Сите се согласиле да влезат, но кога виделе дека водата влегува внатре размислувале како да ја напуштат пештерата. Морале да влезат во водата и да пливаат, и со тоа ја демантираа информацијата дека дел од нив не знаеле да пливаат, па поради тоа спасувачката акција се отежнува. Но, не е точно, рекоа децата, бидејќи секој ден после фудбалскиот тренинг оделе на базен. Отпрво не се плашеле, но кога глатта почнала да ги гони, станувале се повознемирени. Ја пиеле водата од блискиот извор. На едно од стоте прашања од новинарите за тоа дали би се вратиле повторно во пештерата, дел од нив рекоа дека е можно, но со водич, но дел од нив никогаш повеќе.
Ова е прво и последно нивно медиумско појавување, зашто децата треба да продолжат да ги жиеват нормално своите животи без притисок од јавноста. Тајландската влада стори се за да ги заштити децата од вознемирувачки прашања…Новинарите требаа претходно да ги најават своите прашања кои беа проверени од психолози, за некои од нив да не предизвикаат негативни чувства кај децата.
Децата влегоа во пештерата на 23 јуни, но останаа внатре откако беа поплавени од монсунските дождови. Беа пронајдени на 2 јули. Сите беа спасени што предизвика радост и олеснување во Тајланд и целиот свет.
Алиса Шутиноска