Тајфунот Мангхут пристигна во Кина – двајца загинати

Силната бура што која предизвика над 60 жртви на Филипините, сега се движи низ јужниот дел на Кина.

Тајфунот Мангхут е една од најмоќните бури што го погоди регионот во последниве децении. Според државните медиуми, две лица загинале во кинеската провинција Гуангдонг, од каде се евакуирани повеќе од 2,5 милиони луѓе. Тајфунот сега се движи во внатрешноста, и се очекува попладне да  погоди три кинески провинции. Во Хонг Конг, кој беше погоден од тајфунот во текот на викендот, транспортните услуги, се во прекин, парализиран е авионскиот и железничкиот сообраќај и главните патишта се затворени. Градот успеа да спречи поголем број човечки жртви, но сега се соочува со тежок период на опоравување.

Официјално, бројот на повредени во Хонг Конг е повеќе од 200. Ветровите достигнале брзина од речиси 180 км/час, а нивото на водата на некои места пораснало за речиси 3,5 метри. Властите издадоа предупредување до жителите да останат во затворени простории.Повеќето продавници и јавни служби беа затворени, а повеќе од 800 летови беа откажани на меѓународниот аеродром во Хонг Конг.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ