Тајани: Берлускони ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент

Поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент кои ќе се спроведат догодина, наведе денеска претседателот на ЕП, Антонио Тајани.

До неодамна Берлускони (81) имаше забрана да извршува јавна должност поради осуда за даночна измама. Во мај годинава судот ја укина забраната.

За весниот „Стампа“, Тајани посочи дека го замолил Берлускони да се кандидира за ЕП.

На прашање што му одговорил поранешниот италијански премиер, Тајани рече „мислам дека има намера да се кандидира, мислам дека му се допадна предлогот“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ