
Тачи: Специјалниот суд е „историска неправда“ за Косово
„Историска неправда“ е Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи. Во интервју за Асошијетед Прес, тој рече дека неговата влада не е многу задоволна од формирањето на судот, но тоа го прифатила како „цена за својата слобода“, и да не ги влоши стратешките партнерства со САД, НАТО и ЕУ.