СЗО: Ретки се случаите на асимптоматско пренесување на корона вирусот

Иако пандемијата коронавирус во Европа се подобрува, на глобално ниво таа е се потешка, изјави на денешната прес конференција првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом.

Според него, во 9 од последните 10 дена биле регистрирани повеќе од 100 000 случаи иако три четвртини од нив се само од 10 држави, најголем дел од нив во САД и Јужна Америка и Јужна Азија.

СЗО има и добра вест за потенцијалната опасност за јавното здравје од луѓето кои иако се инфицирани од корона вирусот, немаат симптоми.

Се уште изгледа дека се ретки случаите кога асимптоматските луѓе всушност го шират вирусот понатаму. Тоа на што ние сакаме натаму да се фокусираме е следењето на случаите со симптоми. Да ги следиме сите симптоматски случаи, затоа што знаеме дека ова е респираторен патоген. Се шири од човек на човек преку заразни капки. Ако всушност ги следиме сите случаи со симптоми, ги изолираме тие случаи, ги следиме контактите и ги ставаме во карантин, драстично ќе ги намалиме случаите, изјави доктор Марија Ван Керкове, шеф на програмата за итни случаи на СЗО.

 

https://youtu.be/JsawruI-owc

 

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ