СЗО: Половина од жртвите на коронавирусот во Европа се од старечки домови

Половина од жртвите на новиот Ковид-19 во Европа се штитеници во домови за нега на стари лица, изјави денеска Ханс Клуге, шеф на Светската здравствена организација за Европа.

Тој рече дека станува збор за „незамислива трагедија“ и дека последиците од Ковид 19 во такви домови покажале „длабоко вознемирувачка слика“ каде старите често биле запоставени. Клуге рече дека здравствените работници во такви објекти честопати биле преоптоварени и недоволно платени и повикаа да се обезбеди поголема заштитна опрема.

Иако пандемијата се стабилизира или опаѓа во некои европски земји, тоа е далеку од тоа, рече тој, истакнувајќи дека околу половина од сите заразени и починати од вирусот во светот се во Европа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ