СЗО побара 675 милиони за справување со Коронавирусот

Хонг Конг ќе воведе задолжителен 14 дневен карантин на сите посетители од Кина, додека се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот.

Оваа политика ќе стапи на сила во Сабота, но официјалните претставници одбија целосно да ја затворат границата, како што бараат медицинските работници кои започнаа со штрајк.

Во Хонг Конг, каде што има 21 потврден случај на болни од вирусот и еден смртен случај, во периодот на епидемијата на САРС, 2002-та – 2003-тата , животот го загубија 300 луѓе.

Досега, во Кина има регистрирано 24 300 случаи на болни со коронавирус и 490 смртни случаи.

Во нив се вклучени и дополнителни 4 000 болни луѓе и 65 смртни случаи, само во текот на вчерашниот ден.

Коронавирусот се прошири и во странство, каде што 25 држави потврдија вкупно 191 случај на болни луѓе  , иако досега надвор од Кина, има само еден смртен случај – на Филипини.

Светската здравствена организација го прогласи коронавирусот за глобален здравствен ризик. Шефот на СЗО, Тедрос Адханом, денеска побараа итен пакет финансиска помош во висина од 675 милиони долари, за тримесечен план на справување со епидемијата.

“Нашата порака до меѓународната заедница е: Инвестирајте денеска или плаќајте повеќе подоцна! Инвестирајте денеска или плаќајте повеќе подоцна!

675 милиони долари се многу пари, но тоа е многу помалку од сметката која ќе мора да ја платиме ако не инвестираме во подготвеност сега, во овој период кога имаме шанса за тоа” – изјави директорот на светската здравствена организација, Тедрос Адханом.

Кина потврди дека ги засилила своите обиди да ја контролира епидемијата, особено во нејзиниот епицентар, провинцијата Хубеи и нејзиниот главен град, Вухан, каде набргу беа изградени две болници а 11 јавни објекти беа трансформирани во импровизирани локации за помош на болните.

Никола Илиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ