СЗО: Пандемијата на Ковид-19 во Азија не е завршена

Светската здравствена органзиација денеска предупреди дека пандемијата на ковид-19 во Азија и Пацификот е далеку од завршена. Според нив иако вниманието е префрелно на новите епицентри Европа и Северна Америка, тие ги предупредија сите влади во тој регион да останат ангажирани во напорите за борба против вирусот.

„Епидемијата е далеку од готова во Азија и Пацификот. Ова ќе биде долга битка и ние не смееме да ја напуштиме нашата одбрана. Потребно ни е секоја земја да продолжи со одговор на својата локална ситуација“, изјави д-р. Такеши Касаи, регионален директор на СЗО за Западен Пацифик.

СЗО притоа продолжува да ја потенцира важноста од одговорот на ширењето на вирусот, охрабрувајќи ги земјите да прифатат методи кои се најефикаси во такви ситуации.

„Пронаоѓање и тестирање на случаите порано, следење и карантин на контактите најбрзо што е можно и мултиплицирање на јавноздравствените интервенции за зголемување на физичката дистанца меѓу луѓето за да се запре и забави трансмисијата“, д-р. Такеши Касаи, регионален директор на СЗО за Западен Пацифик.

Касаи ги предупреди земјите дека тие треба да се подготват за висок степен на трансмисија на вирусот во заедниците.

Во меѓувреме се зголемува бројот на позитивни на коронавирус во Европа и САД.

Во Америка бројката достигна 164.000 зарзаени, со нови 3.173 случаи.

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо побара помош од  здраствените работници од САД, во неговата држав се заразени над 66.000 луѓе.

Во Европа пак црниот биланс е се поголем. Италија има најмногу смртни случаи предизвикани од коронавирусот, повеќе од 11.000, додека во Шпанија бројката се искачи над 7.000. Во двете земји им аповеќе од 180.000 заболени, повеќе од 20.000 оздравени.

Во Германија пак каде позитивна на коронавирусот се 67.000 германската канцеларка Ангела Меркел се обидела телефонски да им се заблагодари на пожарникарите за нивниот придонес за време на кризата со пандемијата на коронавирусот, но командантот на противпожарната служба и спуштил слушалка, мислејќи дека се работи за шега.

Вкупната бројка на заразени со ковид-19 во светот денеска се приближи до 800.000, 38.000 починати и 166.000 излечени.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ