
СЗО: Не постои средина со “нулта-ризик” од ширење на коронавирусот
Директорот на светската здравствена организација, Тедрос Адханом, на денешната прес-конференција предупреди дека бројот на случаи на Ковид -19 продолжува да расте, дури и во земјите кои успешно се справиле со вирусот.
“Земјите мора да бидат подготвени за можноста за повторно разгорување на корона вирусот” – изјави Адханом во Женева.
На прашањето за безбедноста на авионските летови, откако границите ширум Европа започнаа да се отвораат, СЗО предупреди дека не постои “нулта ризик” во која било средина.
“Тоа што мораме да го направиме е да ги идентификуваме ризиците кои можеби постојат или зголемениот ризик кој е поврзан со патувањата” –оцени Мајкл Рајан, директорот на програмата за итни ситуации на СЗО.