СЗО: Европа е епицентар на пандемијата на коронавирус

Ханс Анри Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа,соопшти дека коронавирусот погодил 152 земји, досега починале  7.000 луѓе а третина од потврдените случаи се во Европа, што го прави континентот епицентар на пандемијата.

Клуге изјави  дека Европа добро се справува со епидемијата на Ковид-19 и истакна дека заразата може да се надмине со солидарност и дисциплина.

„На милиони луѓе во нашиот регион, животот се промени радикално, ние едноставно живееме во нова реалност“, рече Клуге, кој се обрати до јавноста од празното седиште на ОН во Копенхаген.

Тој истакна дека ширењето на вирусот претставува загриженост за целото човештво и потребно е да се преземат најостри мерки за да се забави ширењето на инфекцијата и дека никој нема право да мисли дека тоа е туѓа грижа.

Клуге додаде дека епидемијата не е со ист интензитет во сите земји.

„Ширењето на епидемијата напредува со различна брзина од земја до земја во зависност од демографијата и другите фактори. Во Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, ние ќе обезбедиме техничка експертиза и совети, ќе споделуваме информации и иновации со сите земји-членки и ќе работиме постојано“, рече Клуге.

Регионалниот директор додаде дека СЗО испратила стручни тимови во четириесетина држави кои  побарале помош

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ