СЗО: Бројот на заболени од морбили во светот зголемен за четири пати

Светот е „во сред криза на мали сипаници” алармираат од СЗО и УНИЦЕФ. На цела територија на Македонија е прогласена епидемија од мали сипинаци. Светската здравствена организација соопшти дека бројот на заболени ширум светот во првите три месеци од 2019 година се зголемил четирипати во однос на истиот период лани.

СЗО наведува дека епидемии се забележани во сите делови на светот, а најдраматичен раст има во Африка – повеќе од 700 отсто.

Украина, Мадагаскар и Индија се земјите во кои се најраспространети малите сипаници, а епидемии ги погодија и Бразил, Пакистан и Јемен, а има зголемување на бројот на случаи во земји каде што бројот на вакцинирани е висок, вклучувајќи ги САД и Тајланд.

Обединетите нации објавија дека болеста „целосно може да се спречи” со вистинска вакцина, но глобална покриеност на првата фаза на имунизација „застанала“ на 85 отсто, и „се уште не е достигнато нивото од 95 отсто вакцинирани, што е потребно за да се спречи појава на епидемии”.

Официјални лица во Њујорк и предградието Рокленд најавија казни за болните кои излегуваат надвор и тоа 2.000 долари на ден. Проблемот е екстремен во еврејски населби, кои се борат и со тужби за обидот на воведување задолжителна вакцинација.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ