Во Грција нови 14 заболени од корнавирус, СЗО апелира сериозно да се сфати кризата

Грчките здравствени власти попладнево соопштија за нови 14 нови заболени од корона вирусот. 11 од нив биле на аџилак во Израел, а тројца се зарзаени од контакт со нив. Со тоа вкупниот број на заболени од КОВИД 19, во Грција изнесува 45 луѓе.

Утринава беше потврден и првиот случај на коронавирус во Србија. 43-годишниот маж од Суботица неодамна ја посетил Будимпешта, но сега тој е изолиран и во добра здравствена состојба.

Бројката на заразени од коронавирусот на глобално ниво достигна близу 100 илјади. Алармот се вклучи и во Брисел и состанокот на амбасадорите на ЕУ, кој требаше да се одржи утринава беше одложен, откако хрватската амбасадорка доброволно се изолирала, бидејќи имала контакт со вработен во Европскиот совет, кој бил позитивен на коронавирусот. Европскиот совет, сега се обидува да ги утврди сите контакти на вработениот.

Повеќе од 700-тини луѓе, од кои голем број студенти, се во карантин во рускиот град Санкт Петерсбург, откако имале контакт со италијански студент, кај кого вирусот бил потврден претходниот ден. Во карантин се и две и пол илјади луѓе на луксузен крузер во Сан Франциско, откако еден патник починал. Американските власти со хеликоптер спуштиле опрема за тестирање на патниците, а проценките се дека бродот ќе остане под карантин 2 недели.

СЗО ги предупреди државите дека мораат посериозно да се справуваат со кризата предизвикана од коронавирусот.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ