
Светските лидери во Истанбул на Самит за состојбата во Сирија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана со рускиот претседател Владимир Путин и со германскиот канцелар Ангела Меркел во Истанбул пред квадрилатералниот состанок за Сирија.
Ердоган одржа билатерални средби со лидерите на Германија, Русија и Франција.
Како што информираат турските медиуми разговорите со Путин продолжија околу 45 минути зад затворени врати.
Ердоган, Путин, Меркел и Макрон се собраа во палатата за да разговараат за развојот на настаните во контролираната од бунтовниците сириска провинција Идлиб и политичкиот процес за решавање на конфликтот во Сирија.
„Целиот свет, а особено нашите сириски браќа, го следат овој состанок“, рече турскиот претседател на отворањето на состанокот.
Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Сирија, Стефан де Мистура исто така ќе учествува на средбата.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков истакна дека од состанокот не би требало да се очекуваат никакви револуционерни одлуки.