Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ е позитивен на Ковид – 19

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ е позитивен на Ковид – 19. Иако избега од Хрватска, каде одби да биде тестиран, сега по бројните контакти на тенискиот тунир Адриа, ќе стави во изолација стотина луѓе. Позитини се резултатите и на неговата сопруга Јелена, а нивните деца не се инфицирани. Прегратки, натпревари и жестоки забави и предходеа на заразата која го претвори Задар во ново жариште на Балканот. Уште еден тенисер е позитивен на коронавирусот по учеството на турнирот кој Новак Ѓоковиќ го организираше во Србија и Хрватска.

Виктор Троицки рече дека покрај него позитивна на Ковид – 19 е и неговата бремена сопруга. Поранешниот топ 20 играч од Србија играше против Ѓоковиќ во Белград за време на првиот дел од турнирот. Планираните турнири во Бања Лука и Сараево се откажани. Ѓоковиќ останува во самоизолација следните 14 дена и после пет дена повторно ќе се тестира.

-Исклучително ми е жал за секој поединечен случај на зараза. Ги следам изјавите на лекарите и се надевам дека бројот на заболени нема да се зголемува, вели Ѓоковиќ.

Епидемиолошката ситуација во Задар дополнително ќе се искомплицира, предупреди денеска директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, епидемиологот Крунослав Цапак. Иако хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ има негативен тест, многу луѓе со кои комуницирал Ѓоковиќ ќе мора да одат во самоизолација.

Позитивни на корона се и хрватскиот тенисер Ќориќ, бугарскиот Димитров и неговиот тренер, како и тренерот на Ѓоковиќ кои учествуваа на Адриа тур. За сега над 80 луѓе се во самоизолација но, бројот ќе расте.

Словенија е загрижена поради повторното ширење на Ковид-19 во соседна Хрватска, каде се регистрираат по дваесетина нови случаи дневно.

Состојбата и во Србија се влошува, во постоизборието се поголем е бројот на новозаболени. Иако официјалните бројки се по 90 нови случаи на ден, балканската истражувачка мрежа БИРН дојде до податоци дека бројот е многу поголем и се работи за 300 до 340 заболени на ден.  Се манипулирало и со бројот на смртни случаи од 19 март до 1 јуни од Ковид-19 во Србија починале 632 лица, додека официјално беа објавени 244 смртни случаи.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ