Светот соочен со нов бран заболени од коронавирусот

Пандемијата забрзано се шири со рекорден број на нови случаи на коронавирусот, неделата која изнимува пишува нова статистика. Русија со седум илјади, Мексико со над 5.000 и Пакистан со повеќе од 4.000 заболени за еден ден се качуваат на врвот на светската листа на Ковид -19, но рекордери се САД – во изминатите 24 часа регистрирани се 36.000 новозаболени што е највисока бројка од април. Вкупниот број на заболени лица со новиот коронавиурус во САД се доближува до 2,4 милиони.

На светско ниво заболени се повеќе од 9.560.760 заболени, а црната статистика порасна на 485.620 починати, од кои само во САД се 120.100. Во речиси половина од 50 сојузни американски држави во последните две недели регистрирано е зголемување на бројот на инфицирани лица, додека во Тексас и во Флорида секој ден има рекордно високи бројки на новозаболени лица. Њујорк, Њу џерси и Конетикат бараат 14-дневен карантин за луѓето кои доаѓаат од држави со висок ризик на ковид-19.

-Глобално со повеќе од 9 милиони потврдени случаи на Ковид – 19 и повеќе од 400.000 смртни случаи пријавени во СЗО, пандемијата забрзано се шири со рекорден број на нови случаи на коронавирусот пријавени во неделата, а 183.000 се потврдени за 24 часа – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Минатата недела Европа забележа пораст на случаите за првпат во текот на неколку месеци. Ризикот од повторен пик расте додека земјите ги олабавуваат мерките. Во некои земји ширум Европа овие ризици станаа стравност.

Британија, како што најави Џонсон во вторник на 4-ти јули ги отвора кафиќите, рестораните и фризерниците. Шпанија, земјата која ја живее новата нормалност ги отвори границите, брои нови 196 инфицирани и 10 смртни случаи, последната недела.

Инфекцијата од Ковид – 19 е над просекот и во Германија, Инситутот Робет Кох објавува пораст од 587 забоелни за еден ден и вкупен број на заболени од 193.000. Соочена со новиот бран СЗО предупредува здравствениот систем може да колабила.

-Во 30 европски земји во текот на последните две недели порасна бројот на новите случаи. Во 11 од тие земји забрзаниот пренос доведе до значителен пораст на случаите, кој ако остане не се запре, повторно ќе го доведе до работ европскиот здравствен систем – Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Франција се подготвува за вториот бран на епидемијата. Здравствените власти ќе понудат бесплатни тестирања за коронавирусот за околу 1,3 милиони парижани, со цел да се обидат да ги идентификуваат скриените кластери на асимптоматски случаи.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ