Светот со остри реакци против одлуката на Трамп да не го финансира СЗО

Над два милиони луѓе се заразени со корона вирусот, здравствени системи се пред колапс, се калкулираат економски загуби . Во светот борбата со КОВИД 19 ја загубија повеќе од 120. 000 луѓе . Една четвртина од заразените пак се од САД. Само во Њујорк бројот на починати надмина 10.000. И додека смртноста на овој континент  ги надмина сите светски просеци  Трамп се налути на СЗО па и покрај тоа што е најголемиот донатор на  реши привремено да го стопира финансирањето . Трамп ги обвини дека потфрлиле во борбата со пандемијата и дека се „прокинески“ настроена.

Светот со жестоки критики за одлуката на Трамп .Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, изјави дека потегот на Трамп против глобалната здравствена агенција ќе го ослаби капацитетот на СЗО и ќе ја поткопа меѓународната соработка во борбата против епидемиите.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го критикуваше потегот на Трамп, велејќи дека во екот на пандемијата не е време за покажување со прст и за повлекување на поддршката за СЗО.

И Русија и Германија го повикаа Трамп да престане со нападите кон светската здравствена организација.

Инаку, буџетот на СЗО најмногу се полни од донации од САД. Само лани Америка дала 400 милиони долари што е 15 процени актуелниот двогодишен приход на организацијата.

На второ место е Бил Гејт кој за светската здравствена организација дава пари скоро колку и САД.  Надвор од Америка , организацијата најмногу помош добива од Велика Британија.

Теодора Цветковска 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ