
Светот е соочен со невидена пандемија на вирусот Ковид 19
Здравствениот систем во Еквадор е во колапс. Гвајакуил е преплавен со тела кои останаа на улиците на овој град кој е жариштето на Ковид – 19. За ковчезите нема место во специјалното возило со прегради за да собере повеќе човечки тела.
Произведителите на сандаци во Шпанија се борат да одговар на побарувачката бидејќи е се поголем бројот на смртни случаи. Според последните бројки во Шпанија починале 10.000, односно 809 за еден ден.
Шведска ќе мора да се подготви за илјадници починати од новиот коронавирус, изјави премиерот на земјата Стефан Ловен, додавајќи дека земјата се соочува со криза поради бројот на луѓе на кои им е потребна помош и поради намалениот економски раст. Вицепремиерката Изабела Ловин предупреди дека пандемијата на Ковид-19 ќе трае со „месеци, а не недели“.
Мерките што ги преземаме се пред се за заштита на старите лица и ранливите групи, како и ризичните групи и ние се движиме во тој правец. Ако видиме дека не е доволно ефикасно, секако ќе ги преземеме следни мерки, но само затворање на целото општество, нема може да ни докаже дека ќе биде долгорочно решение, затоа што не знаеме дали овој вирус ќе исчезне ова лето или дали сè уште ќе се бориме со него во декември или дури во следната година, Изабела Ловин, вицепремиер на Шведска.
Досега во Шведска од Ковид-19 починаа 282-ца, а регистриртани се повеќе од 5.000 случаи. Жителите на Шведска секоја вечер со аплауз ум заблагодаруваат на мединците лица за нивната пожртвуваност во справувањето во корона епидемијата.
Американскиот центар за контрола и спречување на болести препорача Американците во јавност да носат маски затоа што тоа помага во спречување на ширењето на коронавирусот, Трамп ги убедува дека тоа не е задолжително.
ЦДЦ советува употреба на немедицински маски како дополнителна доброволна мерка за јавното здравје. Значи, доброволно е, не мора да го сторите тоа. Тие ја предложија на одреден временски период. Но, ова е доброволно. Не мислам дека јас тоа ќе го сторам, рече Трамп.
Препораките кои ги издадоа центрите за контрола и превенција на болести, кои се владини советодавни агенции за јавно здравство, доаѓаат откако во САД се потврдени 270.473 заразени случаи со Ковид-19 и речиси 7.000 починати.
Додека бројот на регистрирани случаи на заболени од корона вирусот на светско ниво достигна над еден милион, во земјите од Балканскиот полуостров се регистрирани вкупно над 7.200 заболени.
Најголем дел од нив се во Грција – 1.613, а најмал број се до сега откриени во Црна Гора – 197. Во Србија вчера се случи најцрниот биланс од почетокот на епидемијата починаа осум луѓе, а бројот на инфицирани за еден ден беше 305, што ја дигна бројката на инфицирани на околу 1.500 луѓе.
Какви се денес плажите на шпанскиот брег, кои пред епидемијата на корона вирусот беа преполни со луѓе – празни, а во морските води се забележани делфини. Овие прекрасни суштества ги изнедаија жителите на Барселона, кои деновиве беа сведоци и на присуство на диви свињи и орли, но и волци во нивниот град.
Индискиот уметник за песок, пак, Судасан Патанаик ја создаде оваа песочна скулптура со која им искажува посебна почит на медицинските лица ширум светот.