Судскиот процес против Вајнстин започнува во Њујорк

Денеска започнува изборот на поротата за судењето на поранешниот филмски могул Харви Вајнстин во Њујорк. Тој е обвинет за силување и сексуален напад врз 4 актерки во период од 2016 до 2013 година. Одбраната и обвинителите треба а изберат 12 поротници, но правните екперти предупредуваат дека нивниот избор ќе биде макотрпен процес.

Изборот на поротата може да трае подолго од обично судење затоа што не сакате луѓе кои веќе имаат предрасуди за случајов а обидот да се најдат тие во ваков случај ќе биде многу тешко. Затоа тој го поднесе барањето за поместување на процесот надвор од Њујорк, кое беше одбиено,

вели адвокатот Ричард Каплан.

Вајнстин ги отфрла сите обвинувања и веќе се изјасни како невин по сите 5 точки од обвинението. Но адвокатите предупредуваат дека процесот може да се претвори во циркус затоа што дел од обвиненијата се однесуваат на работи кои се случиле пред многу години а доказите се површни.

Во случајов немаме, колку што јас знам цврсти докази. Навистина постојат само овие моќни приказни. Знаете, типично во случаите на „тој рече, таа рече“ обвинителите нема да продолжат доколку немаат цврста поткрепа во докази. А овде навистина силата е само во бројките,

оценува Каплан.

Најверојатно Вајнстин нема да сведочи во судскиот процес кој се очекува да трае шест недели а би започнал веднаш по изборот на поротата. Покрај тоа во декември се појави информација дека неговите адвокати постигнале договор за групната тужба поднесена од десетици жени кои го обвинија Вајнстин за сексуално злоставување. Според спогодбата Вајнстин ќе исплати вкупно 25 милиони долари на 30 актерки и поранешни вработени во неговата продукција, нема да прифати никаква вина по обвинувањата и со спогодбата се повлекуваат сите приватни тужби против него и неговата компанија.

Одделно од процесот во Њујорк и приватните тужби, истраги против него се водат во Лос Анџелес, Лондон и посебна истрага од страна на американската федерална влада.

Игор Трајков

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ