
Стотици повредени на фестивал во Шпанија
Повеќе од 260 лица се повредени откако се урна дрвено шеталиште на брегот на шпанскиот град Виго за време на концерт.
Платформата се урнала за време на настапот на рап-музичарот Релс Би кој во текот на изведбата ги повикал присутните да скокаат, а кога тие го послушале платформата се урнала.
Посетителите и очевидци на настанот изјавиле дека настанала паника меѓу луѓето што се обидувале да се извлечат на безбедно.
Екипи на итната помош се погрижиле за повредените, а локалните власти испратиле и нуркачи во морето за да проверат да нема некој заробен под структурата.