Столтенберг: Русија ги потценува сојузниците на Британија

Русија ги потценува единството и одлучноста на британските сојузници, тврди Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој додава дека Алијансата се наоѓа во момент на најголемото зајакнување на заедничките одбранбени капацитети уште од времето на Студената војна.

„НАТО е подготвен да даде подршка и ја искажавме нашата политичка подршка за Британија, сојузниците се тука за да дадат подршка во одвивањето на истрагата и да ја повикаат Русија да одговори на поставенит епрашања од Обединетото Кралство“, рече Столтенберг.

Лондон е убеден дека Русија е одогворна за труењето на поранешниот агент Сергеј Скрипал во Салсбури. Покрај Скрипал и неговата ќерка, британските власти веруваат дека уште 130 граѓани на Салсбури исто така биле исложени на опасниот гас.

„Да бидеме кристално јасно дека ова е нервен агент, Новичок, дека е развиен од Русија и складиран од Русија илегално уште од кога бил развиен а сега беше употребен над поранешниот руски агент кој беше специјано идентификуван од Кремљ како легитимна мета за одмазда“, вели британскиот министер за надворешни Борис Џонсон.

Русија негира било какава вмешаност. Портпаролот на Путин, Дмитри Песков изјави дека Москва не е загрижена поради огромната подршка која ја добива Лондон во случајот со труењето на Скрипал. Порано или подоцна Британија ќе мора да излезе со конкретни докази пред своите сојузници, порано или подоцна ќе мора да се соочи со овие обвиненија, рече Песков.

„Не само што го прекршува меѓународното право, но е и спротивно на здравиот разум. Што се однесува до мерките за одговор, рековме дека ќе пристигнат брзо. Во овој поглед сите наши чекори ќе бидат рационални и ќе ги одбранат државните интереси“, додава Песков.

Сергеј и Јулија Скрипал беа затруени на 4 март со супстанца која во истрагата беше утврдена како нервен агент од руско производство наречен Новичок. Поради ова британската влада побара одговор од Русија како опасниот гас завршил на британска територија и откако Москва одби, протера 23 руски дипломати.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ