Стивен Сигал ќе ги поправа руско-американските односи

Руското министерство за надворешни работи го именуваше американскиот акетр Стивен Сигал за специјален претставник на руско-американските хуманитарни односи, а ова е улога која би требало да ги продлабочи односите на полето култура, уметност и младите во двете држави.

Мајсторот на боречките вештини и ѕвезда на акциски филмови, во 2016-та година доби руско државјанство, а неодамна медиумите пишуваа дека е обвинет и за силување. Рускиот претседател Владимир Путин, кога му го предаде рускиот пасош пред две години рече дека се надева дека ќе послужи како симбол за да се подобрат нарушените односи меѓу Москва и Вашингтон.

Руското министерство за надворешни ја спореди новата улога на Сигал со амбасадор на добра волја на ОН, и наведува дека актерот нема да биде платен за оваа работа.

  • Секогаш сум сакал да помогнам во подобрување на руско-американските односи. Неуморно работев на оваа насока долги години и сега навистина сум среќен што и официјално сум назначен, изјави Сигал за својата нова функција.

Инаку, на Сигал му е одобрено и државјанство од Србија во 2016-та. Стивен Сигал е еден од холувидските ѕвезди кои беше обвинет од неколку жени за сексуална злоупотреба, по кампањата #MeToo, но тој негираше.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ