Стејт департментот предупредува на опасноста од терористички напади во БиХ

Во предупредувањето на американскиот Стејт департмент за патување во Босна и Херцеговина  кое беше обновено на 10 јануари, се информира дека американските граѓани треба да внимаваат на опасноста од терористички напади и од мините останати од војната (1992 – 1995).

– Терористичките групи и понатаму планираат можни напади во Босна и Херцеговина. Терористи може да нападнат без никакво предупредување, во туристичките или транспортните центри, пазарите, трговските центри, локалните владини институции, хотелите, клубовите, рестораните, верските центри, парковите, на спортските и културните настани, образовните институции, аеродромите и другите јавни места, пишува во предупредувањето што го објави Стејт департментот.

Дополнително, американската дипломатија предупредува на опасноста од мини кои, и покрај тоа што најопасните места се обележани, сепак убиваат по неколку луѓе секоја година

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ