Стапија во сила новите санкции на САД кон Русија

Денес стапија во сила новите санкции на САД кон Русија, за нападот со нервен агенс во Велика Британија.

Кремљ рече дека целосно ќе ги разгледа санкциите, пред да одлучи на кој начин ќе реагира, нагласувајќи дека одговорот ќе биде во согласност со интересите на Русија.

Министерство за надворешни работи на Русија вели дека новите санкции само ќе го отежнат дијалогот, јави „Ројтерс“.

Санкциите ќе ја прекинат дел од паричната помош, како и продажбата на оружје кон Русија.

Мерките ќе се одразат врз кредитирањето на земјата, а ќе го забранат и извозот на технологија и безбедносно чувствителни производи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ